презиме (ср.)
Тоа беше Оливер Твист, преку чии корици со зелено мастило стоеше името и презимето на Ана.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Даскалот во Старавина, Димо Гулушов, од три лири месецот (колку што примаше од Егзархијата како Бино во Витолишча), се поткачи на шест од патријаршијата и го мени презимето од Гулушов на Гулусис и почна децата да ги учи место: аз, буки, веде, глаголе на: алфа вита гама делта итн.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа ѝ прати кутија локум, та дури ја дотера до сребрен синџир со гровчиња и најпосле „саватлија“ прстен, со празно место за презимето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уште што би можеле да знаеме за него до овој ден би било ова: име и презиме - Жан Мартин, брачна состојба - вдовец, старост - седумдесет и една.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На полномошното го пишуваше името и презимето на човекот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Сега да почнеме, - рече капетанот. Име и презиме, место и дата на раѓање... - Народност? - праша капетанот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На сите тие книги се наоѓаше мојата фотографија и името и презимето, како и по неколку збора за моето херојство.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Во кој шатор велиш дека живее Христина Петровска? - чув едно утро како некој го изговара моето име и презиме покрај шаторот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
После одиме по куќи и прашуваме: колку машки, колку женски, како се викаат, како се презиваат. Им ги менуваме презимињата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Добро, бре Витомире, му велам, може ли коњот да биде вол, само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јоле убаво им објаснува на луѓето да се одвикнат од простите презимиња. Презиме ли е Мисајле Прпуш?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со нежност и со благодарност се сеќавам на сите свои учители, на нивните ликови, на нивните гласови, на нивниот од, смев, лутина, на нивните имиња и презимиња.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А убаво е кога некаде ќе видиме како сите луѓе од некое помало место се знаат по име и презиме, се среќаваат, се поздравуваат, си помагаат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мајорот погледна во хартијата и, откако го прочита моето име и презиме, со заповеднички глас викна: - Војнику Харилае, врати се во стројот и верно служи и на татковината!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Факти, другар, факти ! - викнав јас. Сѐ си има свое име и презиме...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го продадов тој гоблен и навезав и други на кои го ставив и името и презимето и годината кога сум лежел.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ве предупредуваме дека извештаите без точни податоци за името, презимето, датум на раѓањето точна адреса и националноста, не ќе се земаат во предвид.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)