преполн прид.
преполни св.

преполн (прид.)

Та тажен ли е живот клет; од денес полн со болки, низа крвава тој ќе е од солзи, преполн маки сет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Старите бочви - преполни со рујно вино црвено!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
2. Ние имавме чаршии и рој - кошница пазари и ред редени маази полни, преполни со стока.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Келнерот одвај се движи меѓу преполнетите маси, потонати во крајно распалена; страсна расположба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нова година!... Салата шуми, кипи полна, преполна со слободно, незадржувано, весело настроение... Пука на сите маси: шишињата ги облива пена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ја виде чинијата преполна со храна, што не чинеше само една круна, младичот просто отскокна од својот стол, на кој седнуваше секоја вечер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одајата внатре беше преполна со луѓе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дворот беше преполн со ученици.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Во градот е страшно, - рече. - Затворите се преполни.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Салата во која е изложен тој славен камен, е преполна со луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ѝ ѕвони српот, лути потта во очите, боцка осилот во грбот, а срцето е полно, преполно и секој клас ти е драг како жолтица... - зборуваше доктор Коста загледан во белите забратки и белите кошули на жетварите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кон крајот на романот, ќе биде регистриран еден детаљ, којшто можеби немал такви претензии, но ќе ги надвјаса највисоките човекови доблести и тоа во едни времиња и простори преполни со црнила: „Шишман, седнат над еден камен покрај својот братучед Србо, а некаде меѓу езерото и Пелистер, ја извади матарката од појасот и со ножот почнува да гребе по задлабената страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој ден обично беше обележен со драгата жетварска песна, со преполни гради од надежи и со ручеци што се паметат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Човечката љубопитност на келнското сајмиште останува докрај заситена исцрпена од она што како мебел и се презентира да го види, зашто овој саем е преполн со ексклузивитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Солун е преполн со разна стока и излозите се убаво аранжирани, што привлекуваат секого.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО ИСТАНБУЛ човек никогаш не треба да се возбудува дека ќе остане без хотелско легло, зашто тој е преполн со хотели, со ноќевалишта и анови...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По малку го запирам коњот, оти нозете му пропаѓаат во земјата, преполнета со вода и со снег.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе