препорака (ж.)
Но дури и до приватната доцентура морал доста да чека, и допрва во 1801, кога имал над триесет години, по препорака од својот пријател, тогаш веќе познатиот филозоф Шелинг, станал приватен доцент на универзитетот во Јена.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Но кога, на негова препорака, стигна во Света Гора, кај вујкото Антим, ја пушти на волја и таа сосема се изврте против бога.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Деноноќно стигнуваа до центарот извештаи за однесувањето на козите, се испраќаа криптозаштитени инструкции до републичките центри, се сумираа искуства, се испраќаа препораки, директиви, се сугерираше планот за последниот јуриш против „белата контрареволуција”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се приврзуваме за ликот на таткото кој, дипломец на цариградскиот универзитет, ја напуштил можната кариера во администрацијата на новата турска држава и покрај препораките на Ататурк.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некогашниот дипломец на Цариградскиот универзитет, ја напушти кариерата во високата хиерархија на новата турска администрација со препораки од самиот Ататурк по средбата со него (за која никогаш не говореше, особено во сталинскиот период), беше префинет познавач на старотурското арапско писмо.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа ги отсликува добрите страни на оваа препорака применувајќи ја на проблемот со абортусот и злото од нуклеарната војна.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Навистина, нејзините методолошки препораки во нејзината примена на овие проблеми го илустрираат банкротираниот карактер на машко-центричната мисла за овие општи места.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Затоа, сметајќи дека сите денес постоечки униформи само во мала мерка ја задоволуваат оваа битна цел, јас сметам за неопходно да се состави специјална комисија по овој повод, која ќе добие препорака да ја скицира униформата на градоначалникот. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ќе продолжи да се школува, по препорака на своите француски професори од Цариград, првин во нормандискиот Лизје, потоа во медитеранскиот Каркасон, а ќе студира романска филологија на Универзитетот во Дижон, ќе слуша две години предавања на Колеж де Франс.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сепак постои круцијална разлика помеѓу, на пример, препораката на Marcel Duchamp во Зелената кутија (1934) „Употреби го Рембрант како даска за пеглање“ и извршувањето на вакво деструктивно дело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Во Одлуката за вонредни мерки на Градското собрание се пропишани три степени за заштита: прв степен - предупредување и давање препораки; втор степен: ограничување на видови горива и на дел од сообраќајот; трет степен на вонредни мерки се темели врз забрана на користење горива, затворање на одредени индустриски погони, топлани, забрана на сообраќај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Одеднаш, на авторот му стана јасно: судот и не можеше да ја донесе пресудата без мислењето на Комитетот, а на Комитетот веројатно му биле потребни претходни формалности врз кои ќе ја заснова својата препорака до судот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Половина час во таксито, со Ева, Лех и возачот, бргу ме увери во точноста, но и во непотполноста на препораките на сопатничките од авионот – Полјаците се учтиви, но и весели и зборлести.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Таа препорака е смислена за да предупреди а не за да го оправда она што веќе се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со помош на овој овде генерал без војска, а со една глупава сестра каква што сум јас, го направивме тој Бане секретар на едно претпријатие, со поткупена диплома и нарачана препорака.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ете, врз база на таа заповед на Ѓурчина и врз основа на неговата препорака да извршувам порачки како мајстор од столарскиот занает, го замолив Боге од Бањи да ми помогне и практично да ја озакониме мојата ваква усмереност!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Железничка станица Скопје.
Декемвриска вечер 1984 година
местимично густа магла
смог и препорака да не се патува
освен во крајна нужда.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тој ја беше засакал оваа книга и испрати своја лична препорака до својот издавач Грасе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ракописот како што обично бива беше предложен без препораки и кај други два-три француски издавачи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Лечејќи ги ноќните несоници, мајка ѝ по лекарска препорака почна да зема валеријана, а таа по сопствено наоѓање го создаде ритуалот со трите вечерни чашки коњак. Во тој стек на околности, особено како што времето заробено во новите односи и навики споро истекуваше, приликите губеа од романтичната сила дури и без споредба со врската меѓу Хана и Леон за која ѝ зборуваше мајка ѝ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)