пресветол прид.

пресветол (прид.)

Блажено да е твоето пресветло лице озарено од Светиот дух, од него на моето лице богоразумен блесок сјае и многубожечката измама се искорени.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Од мене понизниот слуга твој кадија прилепски понизна молба и прочка до тебе, пресветли мој господаре и татко.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата се врати на своето место, зеде книга и орлово перо и почна да пишува:   До пресветлиот господар калиф, падишах султан Сулејман, законодавец – Истанбул.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе се дрзнам само да го додадам моето понизно барање: Вашето Величество да го прими моето скромно дело со благонаклоност и да продолжи да му ја пружа својата пресветла Кралска милост на препонизниот и препослушниот слуга на Неговото Величество Авторот Лајпциг, 7-ми јули 1747. 18 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пресветло Величество! Понизно му посветувам на Вашето Величество една музичка понадица, од која најблагородниот дел го создаде пресветлата рака на Вашето Височество.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И еден ден, кога логотетот го свика советот по прашање воено, тој на крајот, откако советувањето заврши, побара збор и рече: „Пресветол и најмудар логотету; долго време веќе мислам и размислувам дека ќе го навлечеме врз себе гневот Божји ако не постапиме мудро: Бог знак ни испрати со Филозофот, и неговите чудесни дела што ни ги покажа овде кажуваат дека божја волја е него да го примиме како тринаесетти мудрец во советот наш, со тебе вкупно четиринаесетмина да бидеме.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Филозофот треба да знае дека на тоа столче, пресветол управнику, пред него седел само уште отец Стефан“, изустив, мислејќи дека со тоа ќе ја задоволам потребата на Стефан да биде пофален.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега, пресветол, не дека сме недугави или непослушни, но еве, молиме твоја заштита.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)