пресврт (м.)
Еве, им плови в пресврт кораб, гнездо на стаорци и пијани арамии, исклештени и обрастени до папок в бради.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Современата уметност бара пресврти, експериментатори и бунтовници.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Не беше подготвен никој освен Чанга за ваков пресврт во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Токму тука, она што порано претставувало компромис за Бредбери се претвора во негова специфика -- така доаѓа до неочекуваниот пресврт: Бредбери едноставно одбива да созрее во онаа смисла во која тоа се случило со неговите колеги- врсници.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој пресврт го означи текстот Зошто социолози?: ќор-сокакот на знаењето, вртоглавицата на незнаењето (то ест, во ист момент, апсурдност и невозможност да се акумулира некоја вредност во рамките на знаењето), се движи како некое апсолутно оружје против самата власт, за да ја урне сообразно на идентичното вртоглаво сценарио на отстапување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Овој стратешки пресврт ни се стори побезболен и поекономичен.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И уште еднаш Судбината ќе ги намести своите терезии за пресврти и изненадувања, пристигања и заминувања.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ваквиот пристап би понудил можности во понатамошното истражување таа политика значително да се прошири. Итан Неделман (Ethan Nedelman), професор на политички науки на Факултетот „Вудроу Вилсон“ (Woodrow Wilson) во Принстон (Princeton), предлага постепен пресврт кон легализација „кој би започнал со легализацијата на марихуаната, за да може да се запре, преиспита и пренасочи политиката во врска со дрогите која станува прескапа или контрапродуктивна”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Еден од длабоките ефекти на аргументот за приватниот јазик е што тој сугерира пресврт во овој редослед на тешкотиите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сложената градска структура пред модерниот пресврт на урбаната перспектива е употребена за проекција на небесните сфери на земјата, или како опозиција на селската идила.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Доколку оваа држава биде на ниво на предизвикот и ја сфати навистина предноста на граѓанските слободи и демократијата и ги декриминализира лесните дроги, тоа би можело да биде вистински радикален пресврт кон позитивно и отворено општество.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Циниците исто така носеле стап. Во нивниот случај тоа значеше ироничен пресврт на ознаките на моќта.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Човековото општество достигна точка на пресврт со делувањето на дигиталните програми на еволуција, точка во која следните еволутивни чекори на видовите ни стануваат очигледни, можеме да сурфираме по желба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Патокази в немир демнат грст сенки во таен кас, зрачнокрили едра ѕемнат вон кошмарот дух кој руди зли сили на пресврт час.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Наспроти споменатиот долготраен развој при модерното прекодирање на теоретското размислување мораме да зборуваме за духовен пресврт.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А Јагулче, кутриот, не престануваше да ги проколнува јагулите, а со нив и сопственото име, за можниот пресврт на судбината која лебдеше по дискусијата на Цветан Горски...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Што се однесува до татко ѝ, тој близу педесет години беше во врвот на власта и, кога настана оној лом, големиот пресврт на системот, не можеше да се замисли без таа власт.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Можеби сум презаситена и, можеби, презаморена од случајот на татко ми, кој тешко го преживеа пресвртот“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)