пресвртница (ж.)
На пример дека во мојот живот сега се појавува пресвртница, дека ме чека чудесна, страшна, волшебна среќа...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Од друга страна, не мислам дека самата технолошка можност да бидете комплексно поврзани треба да внесе револуција во светот на архитектурата, иако, на пример, куќата на Бил Гејтс со милион екрани наместо ѕидови често се претставува токму како некаква пресвртница во она што значи дом или куќа за живеење.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во култура - каква што е нашата - која допрва ќе го проживува својот модернизам, форсирањето на Енди Ворхол како некаква историска пресвртница, можеби и нема да најде соодветен одглас.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Лекови немало, а лекарите рекле дека таа е млада и здрава жена и дека ќе ја победи болеста ако поминат 18 дена, (осумнаесеттиот ден бил пресвртница). За тоа време што сѐ се случува!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Подоцна таков аеродром бил направен кај селото Издеглавје во Долна Дебарца, Охридско.189 На 30 август 1944 година Мекдоналд ќе извести дека во последните денови на август настанала пресвртница во однос на акциите спрема непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Пресвртница во трендот на свет со попорозни граници предизвикан од глобализацијата, т.е. зголемениот притисок за преминување на личните граници (правата на приватност) со цел да се зачуваат организациските и националните граници, беше 11 септември.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Или можеби тој се надева јас да станам носталгична по него и кај мене да настане пресвртница и сѐ да биде како што беше порано.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа 1943 година претставувала пресвртница за промена на ставот на САД спрема настаните во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Нивните написи, по период од една и пол година, за првпат биле проткаени со оптимизмот дека воениот удар од 27 март 1941 година во Кралството Југославија ќе претставува пресвртница во војната, потенцирајќи дека југословенската војска, по формирањето на новата југословенска влада на генералот Душан Симовиќ, ќе може да му се спротивстави на можниот германски напад.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)