преседан (м.)
До колку Конференцијата не ја измени својата одлука - се вели понатаму во нотата - Силите би се нашле пред еден конфликт чија што сериозност би била поголема одошто сериозноста на преседанот што би се создал со менувањето на таа одлука.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Значајното овде е дека моделите се, како резултат, без преседан со нивното богатство и детали.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Стрина ми направи еден преседан, пред гостите на татко ми му рече: Слушај девере, кога на помалата си ѝ купил толку работи, ќе ѝ купиш и на Милка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
84 Медиумот на оваа политичка конфронтација беше необичен и без преседан: јавно користење на нивниот разум од страна на луѓето.“
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Со закон се забрани пушењето по кафани, но никако не се донесе закон за пушење по штабови и канцеларии. Таму се пушеше увелико и без преседан. А богами и колена се разрануваа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Времето допрва може да покаже дека биле во право.
Имам добри преседани за таков убав светоглед.
Се прашувале луѓето, на пример, дали Невидливиот човек од Ралф Елисон, Друга земја од Џејмс Болдвин или Да се убие птицата подбивница ќе им станат неразбирливи или безначајни ако дојде време кога во американското општество расата веќе нема да биде општествено обележана (претседателствувањето на Барак Обама, за волја на вистината, во мигов ја прави таквата можност понезамислива отколку замислива).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)