пресреќен прид.

пресреќен (прид.)

Анѓа беше пресреќна. Co Стојана ги задоволи и двете свои љубовни чувства.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стариот полски врабец таа ноќ спиеше пресреќен и сонуваше прекрасни новогодишни соништа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа, пресреќен и радосен, притрча да нѐ гушне. Притрчавме и ние...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Другарите се пресреќни кога ќе ме видат со шубара: таа ти е, лебами, добра и од фудбал: се качува на прстите и фучи низ воздухот како надуена машина.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И Димче наеднаш се почувствува среќен, пресреќен, затоа што пак е обично, весело дете, како сите деца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во тој момент тоа беше пресреќно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тука е и инженерот Александар, повоздржан е, таков му е карактерот, но пресреќен е што се нашол во средината и во настан за кој никогаш не помислувал дека може да се случи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Била пресреќна кога видела дека и тие се здрави и живи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Благица беше пресреќна дека врапчето се навикна со нив, како тука да е израснато.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дечињата беа пресреќни. Нивната радост се излеваше преку гласната смеа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе оздрави, ќе оздрави! - бев пресреќен, проклет да бидам, изулавев од среќа, викнав: - Ќе оздрави!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Не, не, биди си без грижа, малечок - рече пресреќен, како повторно роден, видов, во очите му беше целото видело од небото, нешто силно, големо имаше во себе, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од неколкуте видови планински глогови што ги засади, еден му успеа: место благи глогинки - роди солени. Пресреќен беше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас се расплакав сиот премален од стравот што неколку минути пред тоа го почувствував, пресреќен што сѐ добро заврши.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа скокна пресреќна, оти ретко се случува смиот да ѝ предложи таква работа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чавка беше пресреќен кога му соопштив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потоа луѓето со завист го гледале пресреќниот Доце Срменков кога отишол да се проубави со чиста кошула позната по многуте везови од дните на неговата младост кога Фиданка Кукникова се тркалала со своите врснички в прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треба да биде среќна пресреќна што воопшто играше во едно такво ремек дело каков што е нашиот филм!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој беше пресреќен што таа така ѝ го претстави на другарката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој беше пресреќен, а јас слатко се најадов.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Повеќе