претеран (прид.)
Од сегде претерани смеите војнички беа; кобеа тие на нешто.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
— Во нив Хегел ги разви своите учења, својот поглед на светот и општеството, не оставајќи во претераната совесност ни една област да не ја подложи и нeа на своето филозофско испитување и толкување.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
За таа глава сосем се соответни долгите раце, само не и кривите, претерано куси нозе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сѐ е ова претераност, мислеше. Јас допрва зачекорев во полнолетност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Неправедно и претерано строго е да се каже тоа за Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не се чувствуваше најдобро. Беше изморен од претераното напрегање, на грбот го чувствуваше студенилото од кошулата натопена со пот, а и нозете му беа мокри од снегот што му се истопи по чорапите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сите изнастанаа. Почнаа да трептат со очите, да се трезнат, да се разбудуваат од дремката што им ги беше навалила очите од претераното пиење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ми се стори претерана и затоа можеби не толку искрена.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Луѓето со такви претерани, нереални, опасни желби мнозина ги одбегнуваат, ги нејќат за другари, за пријатели, за соседи.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И макар што ништо од сѐ што се раскажува за него не излегува надвор од природниот начин на живеење на птиците грабливки, сѐ е претерано зголемено, грозно и злокобно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги познаваше сите и по имотност и по карактер; го знаеше кој е дарежлив, кој скржав, инаетчија, зајадлив, намќор, ситничар кој бара влакно во јајцето; кој е кротичок, мирен, душа, кој не гази ни на мравка, кој од претерана добрина страда.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нивното поведение ми делува страшно претерано.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Негативни искуства: Дури и во мали количества, амфетамините го забрзуваат пулсот и крвниот притисок и можат да предизвикаат екстремна вознемиреност, претерана осетливост, нервоза, импотенција и во некои случаи, делириум, паника, халуцинации и чувство на прогонување (амфетаминска психоза).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ален Вотс (Alan Watts) смета дека речиси нема разлики во квалитетот на природното и со дроги предизвиканото доживување, само што дрогите можат да го забрзаат доживувањето и дозволуваат можност за манипулација и претерано исцрпување на невронската активност на мозокот. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 149
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На претерана воздржаност, на премногу строгост.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во споредба со американските “downtown” квартови и блоковите облакодери, Дефанс ја губи архитектонската предност на вертикалноста и претераноста со тоа што ги вклештил своите згради во сцена на италијански начин, во затворен театар омеѓен со периферен булевар.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Претераната работа даваше божествена сила! Искричаво се грчеа секундите!
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се напаѓа и отфрла секој хуманизам како претерана „разнеженост” и „декаденција”, убиството станува доблест.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Пустините и калифорнискиот песок секако дека најнапред предизвикуваат шок, но дури кога тој ќе мине настапува оној другиот сјај на патувањето, сјајот на претераната оддалеченост, неизбежната оддалеченост, бескрајот од безимени лица и раздалечини, или со одредено чудо создадени геолошки формации коишто всушност не сведочат за било чија волја, а притоа ја чуваат недопрена сликата на пореметувањето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Државите како Дардаванија се ептен мали, претерано добри, срамежливи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)