претседателски прид.

претседателски (прид.)

Добро беше што го праша дали некаде се должи себе си со таа вар и со таа работна рака и со сите тие килими, на што тој ти се исклешти: „Знаеш, претседателска куќа, може да дојде секој, и...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Додека јас така уживам од самозадоволство во својот претседателски кабинет, Сатирот ја смислил работата и неволјата еве ја наидува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
XXX Животот сакаше, судбината помагаше во моите дипломатски години да го споделам, на извесен начин, во замислената стратегија на Хенри Кисинџер, првиот чекор кон мирот во решавањето на палестинско-израелскиот судир, кој требаше да биде означен со првите палестинско-американски разговори во претседателската вила Магребија, во срцето на Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Малата палата на педесетина метри од морето и недалеку од големата претседателската палата беше еден од можните крстопати на блиско-источните лавиринти каде што запираше историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По полноќ претседателската палата беше опколена од тенковска единица.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во крчмата под балконот музичарите по стопати им ја пеат на туристите Ел кондор паса а локалните бунтовници покажуваат со погледот кон тенкот пред претседателската палата, шепотејќи ги пребројуваат коските во Сан Франциско и веќе за утре го најавуваат формирањето на највисоката комисија за испитување на потеклото на солзите и на тишината.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)