претставка (ж.)
Русија по македонското прашање толку пати има објавено владини соопштенија, толку пати се правени претставки до бугарската и до турската влада по нашето прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во шизофрената глава на граѓанинот на бивша Југославија се прекршуваат не само две стварности, онаа минатата и оваа сегашната, туку и два вида на кич: оној стариот, мртов веќе одамна, и овој новиот, кој никнува врз стариот, сметајќи на тоа дека реципиентот ја потиснал во заборав првата претставка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Со додавање на претставката ис се образува сложениот глагол стори или истори!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оваа одредба е на работ на неуставноста, бидејќи се коси со чл. 58, ст.1 од УРМ дека „сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето“ и за неа ДСП Ленка планира да поднесе претставка до Уставниот суд на РМ! 42 4. Погрешно утврдена фактичка состојба постои кога судот некој решителен факт погрешно го утврдил, односно кога не го утврдил.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Антикорупциската комисија е должна да ја разгледа претставката и во рок од 30 дена од нејзиниот прием да го извести физичкото или правното лице за постапувањето по претставка- та (чл. 43, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Досега Уставниот суд реши да поведе постапка за оценување на уставностa во три случаи и во сите три исходот е позитивен – постапките завршија со носење касаторни одлуки за укинување на оспорените противуставни членови; во други единаесет случаи Уставниот суд сè уште се нема произнесено по однос на нашите претставки; потоа во три случаи иницијативите ни беа отфрлени, а во уште три други случаи судот реши да не поведе постапка. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од јазикот на народното творештво Татко издвои и некои заемки со кои биле означувани разни документи, прогласи, објави од страна на тогашната власт упатувани до своите поданици како што се зборовите: арзоал, молба, претставка (од персиски arousal); хатишериф, султаново писмо, ферман (од арапски hattiserif); бераат, указ, декрет (често за звање или одликување), (од арапски berat).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Законот во својот шести дел предвидува и правна заштита на правото на еднаков третман на мажите и на жените со поднесување на претставка пред застапник (вработен државен службеник во МТСП), Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација или надлежен суд.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)