преѓе (прил.)
-„Море не ви кажувам, бре браќа, приказни, им рекол Силјан, ами ви кажувам вистинско сторење и патување мое, и преѓе ви кажав и сега ви кажувам оти штрк бев и во штркова земја бев, две лета тамошни сум работил полска работа во куќата од штрковите наши што се на нашава куќа.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
АРСО: Па, кога ќе те заболи нешто... И ти преѓе ќе се расплачеше за кумството.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Заборавија луѓето, о господе, колку брзо заборавија дека до преѓе си пукаа еден на друг, еден кон друг.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Вистина? Еми добро де, шо е проблемо?“ „Нема проблем. мислам дека желбата шо си ја посакав преѓе веќе ми се оствари.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)