приврзаност ж.

приврзаност (ж.)

Трите вида правописи зависат од поголемата или помалата приврзаност кон старата или кон новата состојба на еден разговорен или литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
88. Тоа платонско и само платонско и евтино сочувство кон Македонците, тоа неразбирање на националните интереси, тоа отсуство на национални идеали и таа жед за популарност со приврзаност кон социјализмот е одраз на духовната состојба на бугарскиот народ и неговото општество.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа се гледа и од големата приврзаност на Македонците кон царскиот трон.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кучето тихо цимолеше, со поглед вперен во очите на момчето, поглед што значеше бескрајна приврзаност, безмерно пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа својата радост ја плати со вечно тагување, приврзаноста - со исчекување и страдање. И, ете, сега го загуби и синот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
...воопшто не ја намалува мојата сосема лична приврзаност кон А молот како созвучје на нежната лузна...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Нашата заемна приврзаност ја топлевме во цврсто стегнатите мали прсти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таму, во Париз, понекогаш го вртам албумот со фотографиите од детство: тие куќички, дворови, сокаци, врамени едни крај други ме потсеќаат само на прочитаните описи на еснафските квартови во определен тип романи за кои чувствувам извесна приврзаност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Фигурата на таткото, ерудит и добар познавач на балканската историја, придонесува за пробив на романескното, на имагинарното на фикцијата низ уверливото раскажување и посебно кога целосно ќе се наложи козарот Чанга, чија сирова добра смисла и приврзаност за селскиот живот ќе придонесат тој да се здобие со амблематски ореол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа приврзаност кон неа му помогнало и мртва да ја најде.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Без оглед на големата приврзаност, овие ретки пријатели не беа сосема слични меѓу себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нејзините владетели не ги поврзува крвно сродство, туку приврзаноста кон заедничката доктрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е ли ова некаква привремена приврзаност?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во секој случај моето неочекувано признание Катерина го сфати како покана да легне покрај мене. (Чувствувам потреба веднаш да објаснам дека ние не ги употребувавме зборовите за да изразиме приврзаност еден кон друг; користевме други средства).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ама, кога и тогаш Атиџе не се појави, стрештен си помисли на три работи: или таа си игра со него и се кикотка зад фереџето што не го помрднува, преправајќи се дека е некоја друга, колку да види до каде достасува неговата верност и приврзаност: или бегот ѝ забранил да доаѓа повеќе во амамот, зашто ѝ кажал дека ја открил: или пак таа не иде во амамот зашто е навистина болна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сестрата, во некоја чудна меѓусебна приврзаност, живее со слепиот брат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Чувствувам дека силно нѐ поврзува приврзаноста за нашите мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Повеќе