прикрај (прил.)
Додека анот се средуваше, тој, како и некои други дубровчани на кои градот им легна на срце, купуваа евтино земја, ја посадија со лози и сега продаваа вино, а почесто и восок од наредените прикрај кошари со пчели.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Панаѓурот на манастирот Свети Ѓоргија - Горг се одржуваше еднаш годишно во градот, прикрај ноември, и траеше осум дена.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А и градов не е негде прикрај на империјата, тој си е токму во центарот и чуван си е сам од себе, од големите пространства и далечините што го делат од опасните боишта и несигурните, секогаш променливи погранични земји.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)