пристаништен (прид.)
Тука Сефедин се пријави на пристанишната управа и објасни каде оди и со колку луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Издолжените сенки од јарболите на малите бродови и гемии ја браздеа рамната површина на пристанишниот кеј.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Надолу допира до море со голем пристаништен град со двајца светци што лебдат горе на небото а нагоре местото цело како од бишки изриено.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Подготвени ли сте да го промените идентитетот и да го поминете остатокот од животот како келнер, или како пристанишен работник?“ „Да.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Патролниот чамец запре на пристанишниот дел, крај брзите изворски води, кои се влеваа во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сите негови другари, освен Орце, кој бил дежурен во визбата на бакалницата, седнале во близината до пристанишната кафеана за да му мавнат на Шатев за последен пат и да видат како ќе започне да се остварува нивното дело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот. „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа ориентална приказна беше нивната фантазија, нивниот интимен филм како „Шеикот” на Рудолф Валентино, создаден во главата на малечката продавачка од киоскот во Данциг и младиот наследник на претпријатието со сточна храна, додека создаваа градови во облаци и на места на овој свет, подобри и позанесни одошто сивите квартови и улици на пристанишниот град.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)