притесни (св.)
Аким нешто промрмори и тргна кон мене, ме притесни до првиот ѕид.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Павле се притесни. А жената како да се изживува.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Чекаше да се увериш дека под челнава коска не ми е сѐ како што треба.“ Полека го притеснуваше кон ѕидот на долгиот ходник и шуштеше несовладиво со силина на зовриена вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сите тие нови предмети ме притеснуваа, ми беа туѓи...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И така народот е притеснет во стапицата на својата „судбинска линија” што му ја смислија изветреани глави и политички кабадахии.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Меѓутоа, реалноста на животот, во градот, го притеснуваше во конкретните решенија, поврзани со опстанокот на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)