прицврсти св.

прицврсти (св.)

„Се сомневаш? Еве, ќе видиш - уште малку и готово.“ Тврдоглаво го убедував. „Уште тркалата да ги прицврстиме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со своите долги, темни раце што брзо се движеа тој садеше, натапкуваше и прицврстуваше, сечеше, подрежуваше, со црното лице секогаш свртено кон земјата, со очите секогаш вперени во она што го работеше, кои никогаш не ги подигаше кон небото, и никогаш не гледаше во мене, па дури ни во Мама, освен ако не клекневме крај него, чувствувајќи како влажната земја ни продира низ панталоните кај колената и ги стававме рацете во црната нечистотија, не гледајќи во сјајното, лудо небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
7. Со каиши на нозете ги прицврстив качувалките а во обете раце цврсто држев по една поголемка вакуум-гума за одзатнување на одводни цевки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Рамката е прицврстена за ѕидот“, рече старецот, „но можам да ја откачам, ако сакате.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпрво ги оставив торбите, а онаа со преврските ја наметнав на рамо, ја зедов пушката и ја прицврстив, но имав само три куршуми – дум–дум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во црквата има фрески: Рождество на Богородица, Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, Успетие на Богородица, но од времето и незаштитеност фреските се многу оштетени“- заврши Теми, видно возбудена, со движење како да си ја трга бујната коса, а што ѝ беше прибрана на тилот и прицврстена со широк стегач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Околу апокалиптичната слика на градскиот пејзаж завиткан во смог прицврстија бели снегулки со насмевнати лиценца, со што создадоа ефектен контраст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Препознаваш во него нечии живо запретани зборови во пепелта. Големиот камен, тој, кој ја прицврстува душата на предците. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Би можел повторно да ги стави, а на жената и девојчето да им објасни дека е сѐ настанато само поради една случајност - цртежите не биле добро прицврстени, па тој поручеква ги симнал, но утре пак ќе ги изложи, и на подобро место, дека го заслужуваат тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Прицврстен за своето семејно стебло од кое се храни, заслепен од листовите кои го опкружуваат, неговото битие не ја запознало безграничноста на просторот во своето време на формирање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го отвори капакот и педантно го крена замотаното црево и едниот негов крај го однесе до славината за вода, на која го прицврсти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лаковите на подножјето успешно ги прицврстивме, четирите носечки столба се кренаа речиси исправено, а потоа се споија во еден единствен носечки столб кој стануваше сѐ потенок и потенок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше голема глупост; прво, затоа што ние бевме извонредно подготвени за работење на височина; а згора на тоа, дури и во случај на вртоглавица, не можеше да дојде до катастрофа, зашто секој од нас беше врзан со цврст кожен ремен кој, со јаже, беше прицврстен за костурот на градбата. Двесте и педесет, двесте и осумдесет, триста метри.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од една огромна гумена цевка, прицврстена за железната мрежа, излегуваше бел чад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)