пријатен прид.

пријатен (прид.)

97. Бугарите „скрепја серце” можеа да чујат таква новост што не можеше да им биде пријатна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и притоа се надевам оти за Македонците ваквиот јазик ќе биде попријатен и позвучен од јазикот на нашите соседи, со кои ние сега-засега се дигаме наголемо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа и се заборави скоро, без туѓо пријатно потсетување за него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Тој што не е роден или е роден глув, та не можел да го слушне неговиот пријатен глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сега, кога Тода разбра оти Крлето се искубало од стапицата, и дојде мило и не можеше до дома да си дојде од задоволство оти таа прва ќе и ја каже на золва ѝ Нешка пријатната новина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ене го најпосле и „Илиос“ на Трибор, како нункова погача, на лоза печена, поцрвенета на горната коринка. Не излегол ни еден остен, а веќе насекаде се осетува неговото пријатно присуство со светлиот поглед и пријатната пролетна топлина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Момците одговараа: на Асан-бег од Ерековци, на Селим-бег од Коњари, на Суљо-бег од Рувци, на Муарема, Фазли, Фета, Даута, Сефедина, Мамут-бега од Дедебалци, Шелеверци, Алданци, Букри, Егри, Бач, Брод, Новаци итн. и им ја кажуваа и цената на стоката која стопаните – бегови беа ја определиле, а исто така им ги покажаа и самите бегови кои седеа во блиското кафе водеа пријатни разговори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата напред сам се занесе во пријатни размислувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таквите слики не им беа пријатни и тие се чувствуваа некако виновни пред своите совести што ја напуштија верата и својот род, станаа предавници, заради удобен живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со нив излегуваше од фурната и пријатниот мирис на топлите печени лебови што се димеа на тезгето, поредени правилно и строго, како добри војници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпосле еве ги белите снежни покриви од високите градски куќи, еве ги осветлените прозорци, еве ги и црните оџаци низ кои избива дим и пријатна топлина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оваа игра беше пријатна и Борко имаше желба подолго да потрае.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Двајцата пријатели се долепија до еден процеп на прозорот низ кој струеше пријатен топол воздух.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сеќавање за едно излегување. Блештат канделабри. Невидливи звучници пренесуваат пријатни мелодии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: (Упаѓа за да го спречи лизгањето на разговорот по стрмнината која не му е пријатна.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Струјкаше од некаде пријатна ладина. Навикнувајќи се на светлината, Арсо полека ги отвораше очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се измеша со другите и допирот со нив му беше пријатен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа проникнуваше во крвта и залазуваше како пријатен скокот во носниците, тилот и врвот од прстите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе