проколне (св.)
Тогај беше го проколнал старецот сиот народ што се наоѓал во нашава земја: "Ох да би Господ ве судил деца, им рекол, што ме отепавте на правина!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
По свршувањето на учењето може да биде и чиновник на пропагандата, но притоа тој ги мрази и си ја проколнува судбината што е орудие на една пропаганда, којашто си има свои цели, совршено спротивни на интересите на неговата татковина – Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ПАНКО: Мајката божја ги проколна Циганите да се скитаат по светот и да просат...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Бошко се врати дома проколнувајќи ја својата судбина која го доведе до ова да постапува како што не сакал и да прави што не е за правење.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се чинеше и ги закопуваше ноктите в месо, ја проколнуваше предолгата ноќ полна со подмолни заседи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сите ние сме несреќни. Сиот овој проколнат свет тука и надвор е криво насаден, невозможен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не стаса и се уфна од тоа, проколнувајќи си го тоа свое не направено последно пречекорување, а и оној свој пријател што дотогаш се таеше во леските, а сега во најкрајниот миг за себе го прекина тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А на сето друго му плукав и ги проколнував оние што ја измислиле неделата за одмор.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Или пак ќе го проколнувате сето она досегашно...“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во мислите го проколнува своето остро ноже. А тоа ни најмалку не е виновно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Зошто пак да не ја остави Ката кога Митра го моли и проколнува да не ја остава?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Предел е тоа проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат си стои од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Предел проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат, си стои така од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Господе, си мислам овој дол е сигурно проколнат да се одѕива само со гласови од мртви луѓе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кој ме проколна толку тешко, господе, прашува, ама господ не ѝ се одѕива, не зборува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бев бескормилен кораб. Проколнат скитник.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Веќе е забрането да се раѓаат проколнати деца по логорите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогај Бог ги крена рацете од монахот Ефтимија и го проколна да биде поет и да биде окован само во немаштија и ружи.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)