пропис м.
прописен прид.

пропис (м.)

Разбрав дека се прави нов асфалтен пат од Солун за Турција, кој ќе биде изграден по сите прописи на една меѓународна магистрала.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Според позитивните закониски прописи. Невидени машини ги риеле.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Поради тоа, криминалот порасна, бидејќи уживателите се обидуваат да го избегнат она што се нарекува понижувачки пропис.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Строгоста на овој систем, посебно откако владата ги заостри прописите 1968. година, значително ја ограничи легалната можност на наркоманите да набават дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Укинување на забраната за користење дрога не би претставувало скок во непознато. Соединетите Држави имаат долгогодишно искуство со прописите во врска со алкохолот и тутунот, додека уживањето на кокаинот, марихуаната и опиумот било дозволено подолго од еден век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нашето хоризонтално лудило, она на генетската конфузија, на измешаните прописи и мрежи, на биолошките и молекуларните аномалии, она на автизмот - спротивно на некогашното „вертикално“ лудило, психичко лудило, трансцедентално лудило на шизофреничарот, она на отуѓеноста, на немилосрдната проѕирност на алтеритетот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа беше само знак на нејзиниот отпор спрема Партијата и спрема сите нејзини прописи и на некој начин му изгледаше природно и здраво, како кивањето на коњ кој помирисал мувлосано сено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Според тоа, кога ќе стигне и, штом ја сфатиш целта, содржината и прописите на мојот царски указ, да работиш и да постапуваш врз основа на изложеното, да вложиш многу напор да стапи во сила мојата висока наредба и да се трудиш на споменатата раја да не ѝ се прави неправда и да не ѝ се додева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се бранеше пред Агрипа, рече дека сите го знаат него и неговиот живот во Ерусалим – како и татко му, тој беше фарисеј и живееше според најстрогите прописи на својата вера.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мене не ме качи ни едно правило на служба, никаков заземен став, пропис, анекс параграф, договор, клаузула. Овде сум, да го најавам дуплото дно!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сепак стариот не сметаше дека е спогодбата заклучена дури не им изнесе на своите квартиранти некои строги прописи од домашниот ред и свои предупредувања од кои најважното беше дека тој нејќе ни да чуе за нив, и подобро веднаш да си одат, само ако имаат некоја сколободија со власта, било таму од кај што дошле, било овде, кај што се сега.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како што почнуваа да се донесуваат првите прописи со кои им се стеснуваат граѓанските права на Евреите, така и нему почнуваа да му се јавуваат негови пријатели, некои со кои и студирал заедно на универзитетот, тогаш немајќи ни елементарен поим дека се со еврејски происход.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што, една по друга, се редеа нестабилните кралски влади во државата во која сѐ повеќе се завадуваа големите, така тие влади донесуваа прописи со кои им се стеснуваа правата на малите народи, особено на Евреите во земјата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само требаше да се стигне до амбасадата. Шифрантот Иваз сигурно веќе беше таму. Живееше веднаш до амбасадата. Така предвидуваа прописите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еден од најчестите видови прописи во светот насочени кон подобрување на визуелното опкружување е регулативата за зонирање со којашто се ограничува употребата на надворешни знаци и билборди.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во обид да се заобиколат строгите австриски прописи, седум имигранти беа ангажирани за производство на социјалната пластика, како резултат на што тие добија законски престој во Австрија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Шифрантот Иваз уште од самото мое влегување во амбасадата ме задолжи со редица општи и тајни прописи кои морав само јас да ги знам и да ги чувам во мојот челичен сеф, заклучен со шифра што ја знаев само јас (а можеби и шифрантот).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оттаму, регулирањето на поставувањето билборди со законски прописи станува и еколошко прашање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Прописот, си е пропис! Зарем мораше и во оваа ситуација да ме следи мислата за Иваз!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе