пропусница ж.

пропусница (ж.)

Сандолини, нивеи, многубојни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско-министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ех, треба да умееш! - рече Гоце. - Селската облека ме дочува, а пак велигденските јајца ми беа пропусница.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сандолини, нивеи, многубројни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско- министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога мајка ми му ја покажа својата новинарска пропусница на редарот, на која што јас сум особено горд, тој се погрижи да ни најде најубаво место - првиот ред од балконот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа е неговиот резервен аргумент, неговата пропусница.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А ако ќе им се присака да одат да посетат свои роднини или пријатели, мораат да се обратат до народната власт за да им издаде дозвола, значи пропусница за движење и со поздравот „Смрт на фашизмот - слобода на народот“ се движеа со ливчето в рака или в џеб, сеедно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- За каде, стрико? - го праша младо вооружено момче. - Си одам дома, синко... - А пропусница имаш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И народната власт на људјето бегани од овие наши краишта им одреди места каде да живеат и да работат и им рече да не мрдаат од таму на друго место без пропусница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)