просветителство (ср.)
Филозофите на просветителството самите себеси се нарекуваа „мирни законодавци на разумот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од ренесансата до просветителството програмата на модерните времиња беше човековиот дух да се ослободи од откриените вистини и црковните догми.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Теоретско-практичниот ангажман мора да се растовари од оној преземен мандат - историското легитимирање на критиката - кој ги влече своите корени од свенатата традиција на просветителството.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Посакува да го обнови Просветителството „без дијалектиката” и посакува да ја обнови дијалектиката „без негативноста”. Маргина 34 131
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Помеѓу социолошкото просветителство и општествената борба постои хиатус. Anything does not go!
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зар Ататурк сакајќи да го стаса европското време со институциите на прогресот, посебно на разумот и просветителството, нема да го жртвува османското цивилизациско време? продолжи Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)