противи (несв.)
Малку тоа. Мнозина, па и најголемиот дел од македонската емиграција во Бугарија, ќе се противат на новото течење од чисто егоистички причини.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи, еден Македонец од Источна или од Северна, или Јужна или Западна Македонија нема право да се противи да биде избрано централното македонско наречје за литературен јазик само затоа што не му се чинело убаво.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И кај е тој што би могол да се противи?!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Не се противеше; се усмивнуваше и продолжуваше да пие со крвава уста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
НЕДА: Не... Не... Не... Не, мили. (Отпрвин таа се противи, се обидува да се ослободи од неговата челична стега, да се откине од неговиот здив, но не успева.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Задоволен од ефектот на своите зборови, пак надмоќен и циничен.) Не присилувајте ме, Ви се молам, госпоѓо Христова, да ги изговорам гласно работите на кои им се противи моето домашно воспитание?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Само да не го најдат заспан, опуштен и неспособен да се противи и брани.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
После што облековте униформи без противење како да бевте тргнати да ја барате српската војска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тргна човекот. Без противење. Одиме сега назад и молчиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па господ ме дал, господ нека ме земе, ќе си речам, и пак ќе се окуражам: - Ајде, бре, колете, ќе им речам, што чекате? Не се противам, ќе им речам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пуштете ги, велам, а в ум си мислам: с иба мајката народот, пак се разлоши, се противи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И не се запре само на тоа. Зашто болеста на Видана му беше таква, да не може да работи во полето, и покрај противењето на општинарите од Тополчани, во согласност со жителите на Потковицата, го постави за падар, да го чува нивниот синор.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тие се работите кои направија таа година 1872-та, при крајот на летото, да биде убиен Максим Акиноски и заедно со него и Лазор Перуноски, а неколцина мажи отерани од Потковицата на заточение некаде во Азиа, Максимовата преголема љубов да си соѕидаат потковичани црква, општина и училиште и неговото противење на Грчиштата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако се противиш и сосе прст ќе ти го земат прстенот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И кај можеш да се противиш кога над тебе се води војна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние не му се противевме.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
XII Кога дознаа во партијата за името на нашата коза Сталинка, тврдокорните идеолози во себе се противеа, но не можеа јавно или на друг начин да реагираат интимно страхувајќи да не бидат разбрани дека се против големиот брат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тие, вистина се противеа, не сакаа или не смееја во принцип да чуваат кози, но нивните деца и семејствата не можеа без млекото на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А тие, кутрите, ниту се противеа, ниту одобруваа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)