профитира (св. и несв.)
За сите луѓе внесени во тајните како подобро да профитираат во тие црни и неизвесни времиња, овие занесени луѓе во патот на јагулите, во нивните виши цели, остануваа маргинални и неразбрани, неспособни да фатат вистинска пусија во расплетот на времињата што се вестеа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Живеејќи и судирајќи се со самата револуција на Ататурк, во нејзините пресудни периоди, а понесен од своите младешки идеали, лишени од секаков конјунктурен компромис, од секакво профитирање од состојбата во која се наоѓав благодарение на високата позиција на Фетхи-беј Окијар, јас во себе ја зацврстував аргументацијата дека револуцијата на Ататурк за лаицизација никогаш не ќе биде докрај успешна и целосна доколку не го опфати и муслиманското население на Балканот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како дел од една стратегија која има чудно двојство во себе си: која создава историја од уништувањето на историјата, која живее од уништувањето како општ принцип и која материјално профитира од создавањето една нова производна гранка: индустријата на деструкцијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ако веќе ме дупат у здрав мозок почнав да размислувам како би можел во таквата ситуација да профитирам, односно да успеам да ја наплатам таа мозочно сексуална активност.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сите што себеси се претставуваа како елита и кои профитираа од туѓа мака беа неговата мета.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Така гордо исправено оваа шмизла ја овековечи цела транзиција во која шмизлите најмногу профитираа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)