пумпарици (само мн.)
Јас имав панталони–пумпарици, а на нозете искинати опинци и кога ќе стапнев преку дупките калта ми влегуваше дури во пантоланите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А од ќебето што ми го дадоа во партизани, Мане Шнајдерот ми соши пантолани, пумпарици, зашто првите ми се искинаа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Птицевидно во муцето, со долго влакно што му го покрива телото сѐ до колената на предните нозе па изгледа како пумпарици да навлекло на себе...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)