разврзе (св.)
Тој го извади ќесето, и бидејќи Бисера беше ја разврзала бовчата и ја извадила кошулата, попот фрли и на неа една франга и честита родителски.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги реди сите занаети „додека бабата да го разврзе крајот на црното шамивче и ги извади двата бели череци да му го плати заметот на дедот поп за работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не попусто знаеше тој по цели ноќи да ги раскажува оние романи, што беше ги читал одамна, пред војната, во весниците, во кои секој секого го убива, или пак само некој некаде е убиен, а после сѐ друго се врти околу тоа, сѐ додека не се разврзе на крајот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Едно момче нѐ разврза и нѐ нареди во оној рафт што беше празен.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Делчевците, и без да ги прашам, разврзаа за својот живот. Прикажуваа долго и широко.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Винстон го разврза парчето јаже што му ја придржуваше униформата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не знам да ти објаснам што и како чувствувам за него – сакав да ѝ разврзам, но таа исчезна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ракијата не само што им ги зажари образите и им ги светна очите, ами и им ги разврза јазиците и им удри во главите, па почнаа сѐ погласно и речиси едногласно да зборуваат, надвикувајќи се како да се на отворена сцена а, не во затворена просторија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога не можеше да го разврзе јазолот на Татковите згустени мисли, во миговите пред заминувањето, во текот на самото патување, тогаш таа си се враќаше кон својата постојана грижа, а за неа тоа бевме ние, нејзините деца, четирите синови и малата ќерка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еве сега ќе видиш...сепак го разврза тоа мало нешто, извади од џебот на елекот малку црн леб, го кршеше лебот на мали парченца, па со макање во нането, касна колку еден – два залака.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)