разговара (несв.)
За г.Бешков попрашајте кого сакате во Битола, било тоа од персоналот на тамошните консулства, било од бугарските учители, било од влашките, било од граѓаните или најпосле од Циганчињата со кои има разговарано г.Бешков, постојано одејќи по градот без работа, и сите ќе ви кажат кој е г.Бешков.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И токму — за плотот нешто разговаравме: изгнил сиот па...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Или пак ако можеш да го најдеш, да дојде овде, јас да разговарам со него, ќе биде уште поарно.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Разговараше со него како со голем и често му ја доверуваше старата вреќа на чување.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сепак длабоко во душата бев горд што ќе разговара со мене додека сите мои врсници од улицата ѝ праќаа кришум љубопитни погледи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Што разговараше со Ана? го чув гласот на петнаесетгодишниот слаткарски помошник Аким, роден ајдук со широки раменици и криви нозе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си зеле фурките. ракавите, калците, чорапите, си седат, си предат, си везат или плетат, чекаат ред и разговараат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Пукна ѓаволот, — си рече Бисера и го фати под мишка, го заведе дома, му даде столче, го кладе ѓезвето за кафе и седнаа да се разговараат како родители и чедо по две три години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа разговараше со него од недостижна далечина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Со кого разговараше така во ноќта пред тоа? Не со киклопската глава. Со некој друг.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сето тоа минува крај двајцата борци и се таложи во длабочината на свеста, а таа обеспокоена ги гледа и не разликува кој треба да биде оној со кого разговараше, кој внукот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога беше со војниците не му се разговараше, сега, без ниеден сопатник, сакаше да се разспие пред некого, да се откопча како школка и да го покаже својот мрак.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас со тебе разговарам! - Разговараш? О мајн гот! Тој со мене разговара!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со него како да разговараше темницата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Така разговарајќи го поканија калуѓерот еден дедо и една баба да преноќева кај нив за денов, макар што немаа што да го нагостат и напојат како порано.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така и Ангеле стана јаничарски ага на дворот од Мехмеда и не еднаш си разговараа со својот господар. – Паметиш ли нешто Арслане, од твојот вилает?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Трајко и Велика си правеа план за децата, и една вечер, мислејќи дека Анѓа спие, во темнината под покров почнаа да си разговараат: – За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку и за Анѓа треба да мислиме – ѝ шепотеше Трајко на жена си. – Што има за Анѓа да мислиме?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
„Вечерва ќе се обидам пак, можеби ќе го склонам да ми даде изан да го полагам мајсторскиот испит“, - си рече Веле, решен најотворено да разговара за тоа со Аргира.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)