разлетува (несв.)
Дење како бесен се разлетува низ селото и си ги бара двата коња.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Бузо и неговите панично се размрдаа покривајќи ги главите со раце, бегајќи и чувајќи се од камењата што неопределено и нерамномерно се разлетуваа ваму-таму.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Преку прозорчето Бојан гледаше како снопот догорува, како последните искри се креваат, се разлетуваат и гаснат, паѓајќи во снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ти налутен, го фрли термометарот во дувалото, при што тој експлодира како бомба, направи цеп во дувалото и започна да излегува лава, да разлетуваат светли парчиња на сите страни како огномет; парчињата паѓаа и на тебе, но ти обземен од радоста, ништо не чувствуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сево ова траеше до моментот кога санките се спуштија во мазнотијата на Леденото Езеро разлетувајќи се ваму – таму.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ја удираше по грбот, по нозете, по човечињата, по рацете, па потоа ја удираше по главата и косата почна да ѝ се разлетува и да ѝ се лепи за јазикот во отворената уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Е: Заслепува пролетното сонце. На небото разлетуваат галеби.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наоколу разлетуваат глуварчиња.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Додека наоколу разлетуваат парчиња од метал, дожд од стакло, крв и човечки делови, со последниот бран на свеста рабинот сфаќа дека пред него, во автобусот експлодира човек-бомба.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
На ритките над балињата со неузреаните мечти на бездомниците катаден трае збратимувањето со височините од дворот на црквата на врвот Монсерат, 3200 над морето, ветрот разнесува отчукувања на срца – вљубени срца, уморни срца, секакви срца, тука, од врвот Монсерат во Богота севезден се разлетува исчашената и искршената симетрија на живеењето а во балињата на бездомниците трепери темнината на ѕвездите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)