разминување (ср.)
Толку е живо во овие часови па многу е отежнато разминувањето со безбројните пешаци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овие сокаци се живи само во утринските часови и во тие мигови тука е тешко разминувањето од луѓе и од коли.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Едни внесуваат, други изнесуваат. И заглавуваат на разминување.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Десната ми е за пред бога, рече Дуко Вендија, а левата за ,бал им пес мајката на овие. - Какво приказвате с’с мртвите, праша еден од стражарите на разминување.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таму нема бегање, нема разминување, рече.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кога неговото распрснато тело паѓа крај неа, надолу, надолу, во запрениот миг на разминувањето, тој, вон себе, се дере, најсилно што може, го корне гласот – Те љубам! Те љубам таква!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се мачат во разминувањето на нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Премногу трагична историја што не го заобиколи ниедно семејство, со неизбежни разминувања и судири на животот и смртта...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имаше и денови кога ветерот ѝ го поткреваше фустанот откривајќи ѝ ги белините на ципите, или кога при разминување на тесното скеле ќе им се поджулнеа телата или кога ќе му подаваше цигли под него, а тој слободно ѝ ѕиркаше во нејзините гради низ широкиот отвор на фустанот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Најпосле некако се примири, се испружи зад Митра сѐ уште со раката во пазувата и слушајќи ја мајка си како нешто вражи исо устата, влезе во еден мигновен денски сон: ја гледа Пелагија и не ѝ се верува дека девојката што ја гледа е нејзината пријателка, ја гледа на улица, на разминување, облечена во машки пљачки со широка војничка мандија Која ѝ ја одзема и последната женственост што зрачи од нејзините крупни црни очи, се разминува со неа а таа не дека не ја препознава, ја препознава, ама се прави како да не ја знае, Пелагија оди кон запрега на среде улица, скокнува во неа, го зема камшикот и ги фраснува коњите безмилосно, тие ги напнуваат вратовите и јурнуваат по патот што сега е покриен со дебел пласт снег.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Зар не беше сиот нејзин живот жртвуван во разминување со смртта?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ни ги спаси животите, на разминување со смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Животот и натаму го продолжуваше разминување со смртта...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ноќ дождлива го заврти тркалото на животот, се најдов високо блиску до поднебјето, во густ метеж, метеж од разминување на ангели што рози споделуваат...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во куќата и дворот беше само сенка за разминување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На секое разминување умира по еден дел од мене, умира по еден мирис од секој цвет, на измислениот букет кој ми го подари еднаш.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
На секое разминување снемува по една јас.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
На секое разминување умира и плачот и смеата во мене, не се смеам а ниту плачам, само полека вдишувам и издишувам, од мирисот на нашите цветови.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)