разнежен (прид.)
- Среќна и на тебе! - сиот разнежен рече стариот полски врабец.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Го прегрнува мажот нежно, покровителски и самата понесена, разнежена од ненадејната честитка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Е, гледаш ли, а? - малку зајадливо го подбуцнува во ребрата дедо Димо доктор Коста, кој седи до него, понесен од општото расположение, разнежен како дете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)