рак (м.)
А вие, клети ајдуци, од огин раци дрпнавте, пламенот уште не вивнал, и се во дворци прибравте.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
А потоа следеа безброј прашања: крадам ли зелени сливи, пијам ли мастило, ја читам ли Библијата, фаќам ли ракови?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
— Море, каде вака, Крле, Горно мало? — го запраша слободната Бојана Катина, која со сите ергени правеше разговор и секого го задеваше — и што треба, и што не треба. Крсте поцрвене како рак.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само да ми го видат очите ошче еднаш, та не го пушчам од раци, сто мајки и сто татковци да ми пречат и мене и нему.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Чичко. Ако сакаш, ќе ти донесам желка. Можам и рак да ти фатам. - Оди си, ти велам. Не додевај.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа разбра кај зимуваат раковите...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По ридишта плови лаѓа - кормилар е зелен рак многукрак.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
На брегот имаше само една стара жена, која чистеше ракови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Игуменот ја издолжи раката кон тепсијата, позеде едно ноџе од прасето вцрвенето како рак. - Повелете, повелете... - ги нудеше полковниците.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Можеби се плашеше од тајната што ја очекуваше да ја впие со црните ноздри како мирис од засечена афионова чушка, тајна, за мене веќе помала од светот на рамностапалчестиот Марко Марикин и понезначајна од кошмарот во чии пени вријат крвави, распердушени и испокинати орли и штркови со очи црвени и слични на парче кора од печен рак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И не е чудно дека ракот наречен бирократија својот корен го влече одовде, заклучувам и ми станува смешно затоа што од логичното правам парадоксално: па сигурно дека коренот расте од земјата!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Доколку ракот, како што тврдат некои, исклучиво е психосоматска болест развиена во реакцијата кон надворешниот свет, односно како реакција на организмот кон себе, тогаш Креклајт (Kracklite) во СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ умира од неприлагоденост.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Попладнето Џорџ Смит излезе надвор и појде кон океанот што се брануваше со широките упадни движења на час топлите, час студени луѓе, кои при крајот, со залезот на сонцето, со телата обоени како ракови, печени гулаби и гвинејски кокошки, тргнаа тетеравејќи се кон нивните хотели во облик на свадбени торти.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сликовито ѝ опишал како чадорот се претвора во мрша и како кондурите со метаморфоза се претвораат во костури на лице, потоа во ракови, полипи и „гримасирачки работи“, што ги гледал со крајот на окото.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
По враќањето во Англија, 1949 година, по посетата на САД, открива дека има неизлечив рак.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога ќе помислам, отсекогаш сум се прашувал: „Кој кому му претходел, Ракот на Генот или Генот на Ракот?”, или, ако сакате наопаку: „Кој кого го наследил, Генот Ракот или Ракот Генот?“
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Пред вратата од катедралата стојат Богдан и Марија фатени под рак; Марија во едната рака држи букет цвеќе; облечена е во невестински фустан со широки набори и тантели, стегната во половината како балерина, а на главата бел превез и венче; Богдан е во црни алишта и со бело шамиче во малото џепче; насмевнати се, весели се; крај нив се неколку машки и женски прилики и неколку дечиња раштркани и неподготвени за сликање.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во VPL често си игравме менување во други облици - ракови, газели, ангелчиња со крилја.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во јануари минатата година му открија дека има рак на простатата во поодмината фаза, така што операцијата не би помогнала.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Самата уметничка го возеше нивното комби, како што редовно правеше есенва, освен за локалните излегувања; Френк е мошне ослабнат поради својата болест, задоцнето дијагностицирана (поради неговото одолговлекување) како рак на панкреас кој веќе метастазирал.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)