ранлив (прид.)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Моќта кон метаморфозата – да се биде насилен, дрзок потоа без напор ранлив, кревок – во музиката е вродена и поради тоа, што таа, во сета своја валентност, останува женствена, нејзините визии сонувани.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Велам дека се добродојдени зашто претставуваат антитеза на идејата на сѐ што е жестоко, навредливо и ранливо за човекот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Хеликоптерите сега повеќе се употребуваат отколку порано, авионите - бомбардери се во голема мера заменети од самонаводни проектили, а лесно ранливите подвижни воени бродови им го отстапија местото на речиси непотопливите Пловечки тврдини; во секој друг поглед не е направен речиси никаков напредок.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Многу се ранливи, човеку, кога е во прашање љубовта, а тоа не чини! - заклучи самоуверено Марин Крусиќ, заборавајќи дека го има на ум чемпресот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
51 Како што вели еден од водечките теоретичари во оваа област, Гери Маркс: „Последните достигнувања во областа на комуникацијата, надзорот и сличните технологии на некој начин го намалуваат значењето и ги менуваат традиционалните физички, географски, просторни, правни и временски граници, правејќи ги повеќе од ранливи... а, делумно како одговор, се создаваат нови граници.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Земјата дише ко ранлива калинка.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Ти беше мое прибежиште, најинтимно засолниште за мојата соголена, ранлива душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Вистинската љубов не прави ранливи и толку лесно може да се повредиме а толку тешко да простиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено во ходниците на потсвеста, подвижни слики кои се премногу ранливи и приватни, проживеани, срамежливи приказни, соголување на душата од тврдиот кожурец на времето, ослободување од напнатоста и драмите кои сами ги создаваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Поаѓаш без да се свртиш додека срцето ми се стега – толку си мал и ранлив, а толку решителен во одот.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)