раскинување (ср.)
Во човекот почива, тврди тој, една моќ на раскинување: тој може да се изземе од својот контекст, да избега од националната сфера, да зборува, мисли, создава без веднаш да го посведочува тоталитетот од кој еманира.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Наспроти некои верувања, очигледната независност на човекот во однос на неговата ендокрина сексуалност, која не само што му овозможува да им се спротистави на нагонските притисоци, туку сѐ до староста му овозможува и сексуални односи и оргазам чија цел не е оплодување, не е знак на „дегенерација“, ниту на раскинување со природните корени на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Територијата на Македонија станала прибежиште на Помпеј, кој по раскинувањето на сојузот со Цезар, се повлекол во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да ѝ надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа (чл. 122, ЗОО – rebus sic stantibus).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не ѝ било соопштено на време (чл. 123, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За брзото одмаздничко стапување во брак, за ужасните крвави ноќи, завршувајќи со неговото пребрзо раскинување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сакав само фино да си поразговараме, во четири очи да ги расчистиме сметките после минатогодишното телефонско раскинување. Потоа да се простиме пријателски и засекогаш.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
1. Откажување на договорот за вработување а) со измените од февруари 2013 година, кои во голем дел беа посветени токму на престанокот на работниот однос, се воведе појаснувачка одредба во однос на елементите кои мора да ги содржи спогодбата за раскинување на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)