раскошно (прил.)
Раскошно расплетената коса на жената бие во неговото лице и му ги заслепува очите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тие веќе беа долу, кај своите убави колиби, изградени среде раскошно зеленило од сливи, јаболкници, јасики и други родни и шумски дрвја.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во една платонска љубов кон јазикот, веднаш, на самиот почеток на нашиот разговор, Енценсбергер раскошно демонстрираше како може уверливо да се именува и исправно да се брани самата литературна кауза.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
* Во ложата седи убава госпоѓа; тешко е да се определат нејзините години, но таа е млада и уште долго ќе остане млада... Таа е раскошно облечена.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Макар што беше последниот ден на месецот февруари, надвор како никогаш во тоа доба на годината блескаше раскошно сонце.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неговото перце раскошно се лизгаше по мазната хартија, печатејќи големи убави букви: ДОЛУ ГОЛЕМИОТ БРАТ, ДОЛУ ГОЛЕМИОТ БРАТ, ДОЛУ ГОЛЕМИОТ БРАТ, ДОЛУ ГОЛЕМИОТ БРАТ, ДОЛУ ГОЛЕМИОТ БРАТ повторно и повторно, исполнувајќи половина страница.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луција беше возбудена: трепереше, не им веруваше на сопствените очи, велеше дека е тоа чудо; потем тргна од салата кон училиштето да раскаже што видела а јас ја стигнав на излезот, и одеднаш, без да знам зошто и без да знам од каде ми е таа сила, ја плеснав по задникот, сосема безобразно, оти ме беше опфатило некое победничко, раскошно расположение и ѝ реков: „Нека се качи на скалите така, ако може, твојот здрав народен дух“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Градските татковци навистина се погрижија плоштадот и улиците кон него да бидат раскошно украсени и осветлени, а сред плоштадот - извишена елка светкаше во различни бои.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Излегува спокојно и раскошно го огрева светот кој се труди да го стокми својот план за денот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сестра ми во меѓувреме се оддаде
на волшебно одгледување растенија
гледаше во нив имаме ли иднина или не
моите невени развија раскошно
и сега ми се пред очи отворени како мугри
ти најмногу ќе ги израдуваш мама и тато
со твојата судбина, рече таа
на мама ѝ се врати надежта
и се насмеа за сите
тато се разбуди од сон што не ни го раскажа
и појде на извор
јас не верував во ништо иако и денес
се вознемирувам од помислата на неа
барем ноќта да не ја испуштам
денот изгледа не е доволен
да се стигне на правото место
реков и почувствував
- имам работа со симболи
од -ден-на-ден стравот е сѐ пострвен
ако не се исплашам нема да запамтам
што се случило
стравот е време
додека се думам во мракот
- останало ли нешто од мене
мрда под прстите
надигнат и препороден.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сончевите зраци продираа раскошно во салонот и ги осветлуваа, ги оживуваа монументалните пејзажи на ѕидовите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Вториот дел од ревијата беше дефиле на крзнени палта или палта со крзнени елементи: на пример, раскошно крзно само ракавите или само ивиците на марамите, потоа муф - прекрасни крзнени „торбички“ за двете раце наместо ракавици, како и широки шубари на главите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во раскошно уредениот ресторан за гостите беше закажан ручек.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Долго ѝ завидував на таа прошетка, но имав привилегија, добар поглед кон прозорецот на вториот кат и едно дрво, кое ме пречека сето раскошно раззеленето и ме поздравуваше секое утро кога тешко, да не речам одвај, ги отворав очите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Следеше слаткиот дел на ручекот, раскошно подготвената баклава на госпоѓа Камилска.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)