расолница (ж.)
Месиме и со расолница, со пиперница. А и расолница не смееш колку што сакаш да туриш. Мислиш и на друго месење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
При сѐ што цело време зборуваше, Живко брзаше да го домака червишот од ширденот пред да му се залои, потиснувајќи ги недоџваканите залаци со долги голтки од виното што режеше како расолница.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ја веќе ја сипав третата чаша од Смрдевката и со благотелечи поглед ги посматрав одлучните потези на Парољуб Шврчковски како сѐ уште брца у грчките маслинки, а притоа осетив непријатен мирис на расолница за што бев сигурен дека беше прдежот од Далибор Чмаровски Чмаро, кој таа вечер за чудо не пушти ниту глас туку мудро го прелистуеше новиот билтен од Бронзената копачка на Санчо Панса.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Многу е битно да се напомене дека секој шо сака да пие пожелно би било дома да поседуе одредена количина расолница за да ги неутрализира негативните ефекти и мучнини кои се јавуваат после бурното пијанчење.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Можеше да стане угостител и да држи кафеана со македонски специјалитети кои денес се нудат, како расолница со сечкана сува пиперка, растриен компир со праз, исто таков грав, бакардан со и без сирење, пиперки со урда и тие некои живи салати во качиња и буренца... на децата им се збоктисуваа, зашто се вртеа сѐ истите и истите, па можеби затоа ни денес не одат по кафеани.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ако нешто знаеме во ова време, знаеме дека утре ќе ни пукаат главите и ќе пекаме за капка расолница.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)