распознатлив (прид.)
Беше сѐ уште распознатлив, но не беше повеќе истата личност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со врвот од прстот тој крена едно распознатливо зрнце од белузлав прав и го стави на аголот од корицата, каде што мораше да биде истресено ако тетратката биде подмрдната.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гласот од другата маса продолжуваше брзо да квака, распознатлив и покрај околниот џагор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа се протна низ подотворената пола на портата, ја испешачи патеката до влезниот и се најде на терасата пред двокрилната дрвена врата на која беше одвај распознатлива некогашната сина боја на која некрологот поставен и тука делуваше како новина на куќата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)