расположение ср.

расположение (ср.)

По волја ли ќе е една мала балерина за вашето тоалетно масиче? Заради расположение. Три динари, повелете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Шо велиш ти, Досто? — вели дедот Петко, кој сега доби особено расположение кога виде оти неговиот труд роди добар плод.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ваквото нејзино расположение уште повеке го развесели Крстета, кој чекаше некоја кавга или плачка од Анѓа за нанесената навреда, но виде дека и таа е задоволна од поповата постапка, та ни тука не му остануваше некаква тежина на душата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прашањето дали ќе му го даде Рожденката не ги плашеше, оти веќе Тода го знаеше нејзиното расположение одамна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Скрши глава - промрморе Бојан, налутен на ветрот кој му го матеше убавото расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кружат шишињата со ракија од рака до рака, паѓаат наздравувања, благослови, едно од друго поубави, помладите поздравуваат со сегашен јазик, а старците вадат од сеќавањата некакви стари зборови, па ги везат и ги редат во долги наздравувања, ракијата во шишињата се смалува, а расположението, расте.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А Мишко минува на друга музика, овој пат го менува расположението со „Месечева светлина“ од Дебиси.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Е, гледаш ли, а? - малку зајадливо го подбуцнува во ребрата дедо Димо доктор Коста, кој седи до него, понесен од општото расположение, разнежен како дете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поседе мирен една две недели, се понајаде, понапи од Трајковата ракиичка и винце во пријатно расположение со убава млада руса невеста, го дочека по вторпат Трајка од колибата, пак заедно се нагостија и напија, та дури цела ока канатларски тутун му даде да си понесе кога тргна пак на колибата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа расположение дојде првиот пред цевката на Јована, но овој го пропушта два три метра и погледна во Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Убавиот сонче ден, разбирливо, создава и расположение за прошетка низ овој стар холандски град, можеби, единствен, што успеал целосно да ја сочува својата стара архитектура...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А сето тоа и понатаму ни го расипува расположението.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А какви убави чувства, какво расположение предизвикуваат убавите, човечки, обострани поздравувања.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Влегуваме во продавница да купиме нешто, а таму ќе ни се случи да ни продадат нешто расипано, да ви закинат при мерењето, да не ни вратат кусур и - ете причини за лошо расположение.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Често лицето и расположението, поради реумата, му се менуваше спрема денот: убав ден - убаво расположение; лош ден - лошо расположение.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ликот на нејзината душа ѝ се одразуваше во очите, во кои ние децата јасно го читавме нејзиното расположение.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Позитивни искуства: Амфетамините го подигаат расположението, ја повишуваат издржливоста (вклучувајќи ја и сексуалната моќ) и ја елиминираат потребата за спиење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Психолошкото значење на боите Јунг го објаснува на следниов начин: “...за време на асимилирањето на потсвесното личноста минува низ многу трансформации кои потсвеста ја прикажуваат во различна светлина и кои се придружувани со расположенија што непрекинато се менуваат.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе