растечки прид.

растечки (прид.)

Но, постојат показатели дека светот се движи кон доминација на мултинационалните корпорации, чија растечка монополизација на информациите остварува сѐ поголема моќ како над индивидуите така и над националните држави.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Растечкото осиромашување на јазикот ќе ескалира низ серија на неправилни циклуси.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Значи, можеби растечкиот куп книги и часописи крај мојот кревет е добар знак; можеби сигнализира смрт на идејата за културно владеење (кое често е во дослух со економското и политичкото владеење); слично како и менувањето канали, можеби и тој имплицира обновено почитување на личното искуство и личните желби, наспроти „мудроста“ на културните гуруи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во 1987 Nature објави еден есеј во кој двајца физичари се жалеа на растечкиот јавен скептицизам во однос на науката.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дека ќе стражари ноќите во куќата, над празните кревети на двата сина, и посебно над нејзиниот неспокоен сон, кога таа конечно ќе заспие од умор и растечки неспокој.  „Мислат, тато“, конечно му одговара Нина седнувајќи покрај него во суката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не му беше јасно зошто тој растечки притисок воопшто ѝ е нужен на неговата земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)