расход (м.)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Зема дедот Петко заире; носи стока, а Мице ја продава и пишува „приход расход" и по пет шест години, кога си ја видоа сметката, уште малку што не излезе должен дедот Петко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Па и за Влатко: ново училиште, нова средина, ќе имаме многу расходи, а набргу ќе се заесени и разлади“, туривајќи таратур коментира мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А во покривањето на расходите околу сите овие и идни свечености ќе се потрудат сите вработени.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
До 1880 година не се знаеле точно приходите и расходите во државата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
4. Исплата на надоместоци од плата ЗИПДНД во 1992 година вклучи одредби со кои се регулираше висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на материјални расходи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ЗИПДНД од 1993 година повторно ја регулира исплатата на некои надоместоци кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и материјални расходи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)