реон м.
реонски прид.

реон (м.)

Истата тешкотија и во уште посилна форма ќе се сретне при решавањето на прашањето – кој јазик треба да се признае за во училиштата и во општинската управа во патријаршиските реони.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Си дојду, Бино, си дојду, но не по твоа желба, ами по моа, — му одговори Јован на даскалот Бина, сега претседател на Јовановата општина, и почна да си шета, слободно, во својот стар војводски реон.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред началникот Јован, како и Бино, плукна на бугаршчината и се заколна на верност краљу Петру I, за кое веднаш стана општински шумар на оној ист свој реон во којшто брка комитаџилак тринаесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почна да собира порез, прирез, да собира војници, а требаше да оди и потера, оти собраните витолошки „Б'лгари“ не сакаа да одат да се бијат со својот „б'лгарски“ Војвода Јована Ѓуровчето, кој заедно со Гурлука и други „патриоти“ се врати во своето Мариово летото 1913 година со голема чета и дојде во Биновиот реон — онаа пуста Опстраница. каде што се Сукаловите колиби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што велиш ти, Петре, која страна да ја фаќаме? — му се обрна Јордан Ацев на чиј реон беа собрани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петре дочека да заврши конгресот со работата и со голема тежина на душата ги прими директивите за дејствување во неговиот реон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Војниците се отепани во реонот на вашево село и вие ќе одговарате за тоа...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Разбрав од моите познати дека овие гробишта се наоѓаат во парискиот реон Клиши, на еден од јазлите, каде што Париз се врзува со „Булеварот на перифериите“ а од каде што се одделуваат автострадите на сите правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО ИСТАНБУЛ секој тргува: од оние во што целата сергија ја носат на раце, па до оние што имаат дуќани во „Таксим“ - најелитниот и најбогат реон на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас сум секретар на пет реони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле Англичанецот доби инструкции од својата влада да не инсистира на измени на Протоколот од 1913 година за да не се создадат други гранични проблеми меѓу двете држави во други реони за кои постои заинтересираност меѓу двете страни, а со тоа уште повеќе да се усложни и влоши ситуацијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Спрема тоа, природно влегува во овој реон што е назначен во Протоколот да ѝ припадне на Албанија...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ние треба да ја извршиме задачата за која што сме дојдени: да извршиме разграничување на овој реон...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понекаде, особено во новите индустриски зони се отвара по некое црквиче; исто и во новите реони на големите градови; но, мошне ограничено.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зајакот се изгуби негде во толпата за да го најде својот мир во реонот на вецеата, каде што остави извесен прилог во вид на купче топчести и тврди фекалии, како потсвесна артификација на рогобатната уметничка случка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Едновремено со активностите во Западна Македонија бугарските и германските единици презедоа и низа активности против единиците на НОВ и ПО на Југославија кои дејствувале во реонот на Куманово-Врање-Црна Трава и оние кои дејствувале во реонот на Тиквеш и гевгелискиот крај со цел да се ослободат од притисокот на комуникациите низ Моравско-вардарската долина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Маказар е во изборната единица број 24 и, бидејќи доаѓаат изборите за Парламентот, иако датумот уште не е одреден, историјата на местото ја поврзав со сегашноста, со карактеристиките на изборната единица и со можностите на политиката во овој реон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
___ 21 Движењето на отпорот кое непосредно по капитулацијата на Кралската југословенска војска го организирал полковникот Дража Михајловиќ во почетокот се состоело од мала група офицери, подофицери и војници на кралската југословенска војска, исклучиво Срби, кои одбиле да се предадат на Германците во средината на април во реонот на Добој во северна Босна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Повеќе