репрезентативен прид.

репрезентативен (прид.)

Во дното на „Вацлавските намјести“ имаше изложба во убавата сала „Хибернија“ токму спроти најголемата стоковна куќа „Котва“ и спрема репрезентативниот ресторан од времето на „Златна Прага“ - „Париз“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нападното присуство на преживеаниот книжевен стил го илустрираме на примерот, или попрво на моделот, на Ќосиќевата постапка, која, без ограда, се темели на репрезентативната функција на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Македонската концепција за државно и национално репрезентативна main-stream култура, било таа да е државно- демократска или национално- либерална, со таа аисториска замена на политичкото со културното, или поточно: замената на реалното со имагинарното го чува македонскиот национален корпус од вистинската внатрешна политичка диференцијација и на подолг рок ги оневозможува шансите за Brad Holland демократизација и модернизација на македонското општество.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
(...) Диктатурите на 20-иот век, фашизмот, националсоцијализмот, болшевизмот,сите тие го бараат репрезентативното достоинство во еден стравично приземен класицизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Една репрезентативна влада вклучува професионални политичари со полно работно време и припадници на партии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите изложби стануваа сѐ побогати, посетителите побројни, а посмелите од младите ликовни критичари сѐ подарежливи во своите пофалби; така што Гого почна да се занесува со замислата за една голема, во извесна смисла ретроспективна ама и репрезентативна изложба, во која ќе ги покаже на едно место најуспешните платна од својот дотогашен развој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таму сега, на дрвениот пристан заколчен во водата, се враќаат рибарските чунови со утринскиот улов: крупната риба за резиденцијалната вила и репрезентативните ресторани, а ситната за останатиот народ - спикан во шатори, приколки и селски соби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Светот дефиниран само преку приватната сопственост неопходно исклучува какво било постоење на јавна сфера која би била инклузивна и широко репрезентативна на разноликоста на различните јавности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Односно, до престанок на дејствување доаѓа кога „така ќе одлучи надлежното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува“ за ова важно статусно прашање (чл. 28, ЗИДЗРО/окт.09); г) исто така, за прв пат, а со цел јакнење на социјалниот дијалог во државата и усогласување на конкретните мерки што се преземаат во сферата на економската, социјалната и развојната политика, се пропишува основање на едно советодавно тело, без поголеми изречни прерогативи за самостојно одлучување – наречено Економско- социјален совет, чијашто дејност се темели на потребата за трипартитна соработка меѓу Владата, репрезентативните синдикати и репрезентативните стопанските комори, при решавањето на економско- социјалните прашања и проблеми (чл. 246-247, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај репрезентативноста, пак, на здруженијата на работодавачите ситуацијата е уште подраматична, бидејќи процентот од 33% (1/3) се сведе само на 10% (1/10) „од вкупниот број работодавачи“; додека, пак, на ниво на РМ репрезентативна стопанска комора е онаа која ги исполнува горенаведените услови, со таа разлика што е доволно во неа да се зачленети најмалку 5% (1/20) од вкупниот број работодавачи во приватниот сектор од областа на стопанството во РМ или, пак, работодавачите-членки на комората да вработуваат најмалку 5% од вкупниот број вработени во приватниот сектор во РМ (чл. 35, ЗИДЗРО/окт.09)!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уметноста, јазикот и верата се најрепрезентативните симболички форми за пренесување емоции и ставови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По правило, бановите беа репрезентативни фигури без некаков авторитет, тие го преставуваа само кралот, а не и народот.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секое мало зголемување на работничите права најчесто катарзично се најавува од страна на Самостојниот синдикат на Македонија (ССМ) како репрезентативен синдикат, кој најчесто останува нем кога следат драстични кастрења на истите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со истата измена е направено и дополнување во истиот член при што е предвидено дека дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не ги информира вработените, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој ризик на работното место како и за безбедносните мерки за елиминирање на штетните последици.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)