репрезентација ж.

репрезентација (ж.)

Онаа што сакам да го сугерирам е: за смислено да интерпретираме дадена ситуација ние повикуваме стотици шеми од нашето „множество на шеми” и дека искуството собрано преку целиот наш живот, вештините и општото знаење, нашите сеќавања за различни случки, може да е кодирано во таква лична „енциклопедија” од илјадници шеми, збогатена и од вербалниот домен за да инкорпорира и репрезантации на акции и перцепции, мотиви и емоции, лични и социјални интеракции и на крај, на јас-ството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние употребуваме биполарни конструкти за да ги претставиме забележаните сличности и разлики меѓу настаните, и потоа да ги организираме овие репрезентации во кохерентни облици или „контексти” во чии рамки ние ќе бидеме во состојба да откриваме теми кои се повторуваат во нашето искуство со текот на времето, и потоа да ги испратиме овие репрезентации напред во форма на очекувања на идните настани.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поволно избивајќи на виделина за време на еуфоријата од нашата победа во битката, оваа уметност беше промовирана како форма на визуелна репрезентација супериорна во однос на сите други, посебно во однос на социјалниот реализам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
4.1. Теорија за персонален конструкт: Никелска тура Теоријата за персонален конструкт, како што е формулирана од Kelly (1955, 1970) и елаборирана од Adams-Webber (1979) во суштина е конструктивистички модел на човечките процеси на репрезентација и организација на когнитивните функции.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Упростено речено, во основа на сексуалниот однос се фантазматските обрасци, психичките репрезентации, мисли и идеи кои не се латентни па потоа потиснати како што е тоа случај во сонот, туку се латентни, а потоа подложени на регресија и тоа не формална, туку топичка регресија, преку сензори- моториката до оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кои ќе бидат условите сега за да кажеме дека двете репрезентации се изоморфни или приближно изоморфни?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Активноста на модулите и репрезентациите формира статичен “модел на светот” и се смета дека ефектите на учењето всушност претставуваат операции на реформулирање на овој модел.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За Легради, преминот од оптичко-механичка кон дигитална технологија доведе до едно ново поле на репрезентација коешто Пол Вирилио го нарекува „инфографија“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Низ целата „Фармација“ Дерида го разгледува присуството на тој жртвен јарец, тој pharmaccos населен во самото ткаење на јазикот и репрезентацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден „вештачки мозок на птица“ креиран со симболичка ВИ би содржел репрезентации на светот (кодирани во птичјиот ментален јазик) и би формирал когнитивна мапа на околината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Делез зборува за уморното, старо, забавено тело, тело што ја откажува послушноста, како единствена адекватна филмска репрезентација на тело (пример за тоа е протагонистот на филмот Париз-Тексас).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поврзувањето на уметноста и порнографијата во неговото дело е витално не само на ниво на репрезентација, туку и во самиот модус на настанување на слика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Израз на знакот на писмото е физичката супстанција со чија помош се реализира визуелната репрезентација на знакот, без оглед дали станува збор за цртеж, геометриски знак или сложена фигура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)