референт м.
референтен прид.

референт (м.)

Однекаде се најде и цвеќе, дојдоа и другарите, референтот за спорт и култура другарот Дервутоски, референтот за општи работи другарот Вецески, другарот Елимоски, другарот Лажоски, направивме еден митинг во чест на другарот Анески, нашиот Ѕвонар. Проклет да бидам, митинг.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во Заводот за вработување знаеше дека ќе го слушне истиот одговор од несмасниот референт...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Боро од Неготино ни беше референт по оружје, знаев дека честопати им ги земаше пушките на партизаните што се на стража па потоа ги клеветеше кај командантот на дивизијата, и нормално, тој ги викаше потоа на рапорт.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имено, токму како кадровски референт доживеа партиската организација на установата каде што работеше да се изјасни за Инфорбирото, и покрај тоа што нему пена му фати устата убедувајќи ги во спротивното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
СТЕВО: Мило ми е. Стево Андреевиќ, референт во претставништвото.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тој Херцог за година дена од приправник ме направи референт.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Непосредно пред да се оконча спорот во втор степен, а по завршувањето на нејзиното боледување, таа се враќа на работа и го известува раководството, дека таа нема да работи на работното место референт, како што тие сакаат – бидејќи никогаш, во нејзината долгогодишна кариера, не го работела тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според Зефиќ овој нивни „аргумент“ е класична манипулација и невистина, а на сите вработени во оваа установа им е јасно дека таму отсекогаш како референти работеа луѓе со средно образование, затоа што се работи за чиста техничко- административна работа (per analogia, тоа би било како докторка да биде преместена да работи како медицинска сестра!?).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Првото работно место, во далечната 1978 година, му е како самостоен стручен референт за процена на штета, поточно за надомест на електротехнички штети, во тогашниот ДОЗ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)