рецензија ж.

рецензија (ж.)

По три дена, кога излезе бројот на весникот во кој беше објавен нејзиниот текст за филмот што го гледавме, најпрво ја отворив триесет и втората страница каде што ги печатат текстовите за театарски претстави, телевизиски и радио емисии и за филм, што некои ги нарекуваат критики, а други - рецензии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прво минав на раскази за деца, потоа на рецензии, сѐ покуси и покуси, па на текстчиња од астрологија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Рецензијата, го измазнив гласот, што ќе се обидам да ја напишам: ќе биде само недостоен, блед одглас на суптилната вредност на неговото дело.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На професорот, покрај долгата, воодушевена рецензија, му обезбедив гланц ново авто, а тој мене лесен докторат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ РЕЦЕНЗИЈА Идеологија и субјективитет
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вториот пак текст во новата рубрика е всушност една рецензија за поставената изложба во Гугенхајм музејот посветена на апстрактната уметност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но и покрај позитивните новински рецензии, тој имаше тешкотии да ја дистрибуира книгата во некои од големите книжарски ланци(таа беше целосно забранета во Австралија).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговиот советник Krzysztof Lenk го ревидирал неговото напредување секоја недела низ рецензии, сé додека една недела не признал дека Frere-Jones отишол толку далеку што тој веќе не може да му биде од никаква корист.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Истакнатите дипломати избираат дело, пишуваат рецензија, гласаат за најдоброто дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А и рецензиите ги потпишува со истите иницијали.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Додека ги читав расказите на Марта, сфатив дека на нејзината идна книга не ѝ требаат такви „вообичаени“ рецензии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Имам сериозна задача. Морам да ја напишам таа несериозна рецензија.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овој пат ќе напишам несериозна рецензија!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во телефонскиот разговор тој направи куса рецензија на мојот ракопис.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)