решавање ср.

решавање (ср.)

Значи, малите балкански држави, иако на вид и да не играат улога во решавањето на македонското прашање, кое како да е само во рацете на големите држави, всушност имаат најголемо значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со своето организирање Македонците станаа главниот фактор во решавањето на македонското прашање како во своите очи, така и во очите на Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Заедно со неа се разбрани и студено, морничаво ветре; морничаво како што се морничави и снагата, и мислата и душата при секое вакво исчекување, при секое судбоносно и важно решавање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И во други земји на Исток, наши довчерашни пријатели и браќа, врвните раководства се зафатиле со решавање на проблемот со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тие мигови, гледајќи го загрижено нејзиното лице, тој беше уверен дека таа презела сѐ за решавање на проблемот што најчесто го измачуваше сето семејство, па сега узреало времето за одлука.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според оваа концепција, подготовката го покрива времето во кое проблемот се скицира и времето во кое се вложуваат индивидуални напори да се откријат и одберат најразвиените вештини и знаења, неопходни за негово решавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Треба да се стори сѐ што е можно зависноста од дрога да се намали: со примена на подобри методи на лекување и, што е уште поважно, со решавање на другите животни проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Теоретичарот на правото, Џејмс Џекобс (James Jacobs), не греши кога вели дека расправата во врска со легализацијата во Соединетите Држави се води на погрешен начин; таа го скршнува вниманието од сѐ што би можело да се направи за да се намали злоупотребата на дрога и да се формулира разумна политика за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Просторот е недоволен да се потцртаат основните проблеми, и да се назначат главните струи, сепак, ако ништо повеќе, низ текстовите провејуваат некои од основните контроверзи на феминистичката филозофија: дали е воопшто можна и како?, може ли да се даде нов своевиден потстрек за решавање на философските “проблеми”?; во која мера е блиска со, и зависна од постмодернизмот, идеологијата, желбата за превласт.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Или пак упорното држење кон добро проверениот рецепт за третирање на дрогите кои што денешното општество го донесе во ќорсокак, всушност е немоќ за решавање на било какви прашања и бегање во романтичен идеализам карактеристичен за големите утопистички идеи?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И токму ВР е идеален медиум за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Веќе година и пол се борам да се создаде меѓународен фонд за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Решавањето е толку едноставно, на пример, како да си поминал еден единствен мост. - Еден мост!...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Грчот помина. Го врати белиот коњ на неговото место, но за момент не беше во состојба да се посвети сериозно на решавањето на шаховскиот проблем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Комитетот се надеваше дека од меѓународното заземање на Солун ќе произлезе дефинитивното решавање на македонското прашање согласно бугарските желби“172.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сепак, најповеќе Нунета го уважуваа и почитуваа заради „Метод за решавање на омразите и вражбите“ наречен накусо „Пакс-верс метод“, или како што тоа со гордост го објаснуваше Нуне „Стиховен мир“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во рацете на Нуне, на пергаментен свиток, двојазично беше запишано: „На блескавиот ум, поетска проникливост, научна аналитичност и храброст во верувањето и докажувањето на „Пакс-верс теоријата“ за мирољубивото решавање на маалските ненавидности и кавги, меѓународните омрази, меѓудржавните судири и војни, му се доделуваат ордените на Волкашин Нунески, поетото и изумителот од с.Варош, околија прилепска, во земјата македонска.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе