решето (ср.)
А за срп, решето, вила, мотика дикел ич да не ѝ речиш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Заѕидано дрво во ѕидот сугурци — завиткана коса — локни на српски тагар — сад за брашно како ситото и решетото што е само неиздупчен таим — следување, оброк на војниците такам — 1) руба, 2) спрема за куќата, за добитокот итн. такцир — несреќа татки — понатака тезгере — направа за фрлање ѓубрето од дома тек лав — пререкување теклив — забелешка. Не ти фаќам теклив — не ти правам забелешка текна — се сетив тешка (жена) — бремена тизап — киселина за вапцување тисов — столче од тисово дрво.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ти шо велеше: „Којзнае дали ќе а свиткаме ваа, оти е помината низ сито и решето“. Дејди, Петко, дејди стари прчу.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Грлото решето да ти го стори.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И сопчето, во кое се живееше, во кое имаше две ниски легла од двете страни на огништето, беше натрупано со разни чисто килибарски предмети: качиња, бутим, дрвени паници, буклиња, ниски триножни столчиња, разни грнци, сито, решета и што ли не.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А кога ќе наполниш сѐ, велам, вода ќе носиш со решето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа, откако исчуканото жито ќе го извееја и просееја, низ дрмон па низ решето, и додека другата челад го прибираше во амбарите, тие `ржаницата ја носеа на бунарите,ја положуваа во коритата за поење на добитокот, а потоа коритата ги наполнуваа со вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
2. По поделбата на Македонија, ајле и многу порано, сите пропаганди почнуваа да пустошат и да го прекрстуваат народот, а народот ти е прост и гладен: за едно решето жито што сакаш ќе ти се пише — и Грк, и Србин, и Бугарин ќе стане, да има друго и друго ќе стане,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие потскокнуваат како гладни врапци над истурени купчиња просо, врескаат како вријавецот на санките, врлушкаат како ореви во размакано решето, запри ги ако можеш.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Покрај неа се наоѓаше старо решето во кое ги береше паднатите круши.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Го најдов Амореецот, му реков кој ме праќа и што барам а тој ми подаде едно дрвено ковчеже, со дупки на капакот, како решето, големо колку дланка човечка, во кое се наоѓаше сподобието грозно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој е умен човек. Во животот минал и низ сито и низ решето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кандидатот што се предлага за судија, минал низ сито и низ решето додека втасал до нашиот Суд.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И удри по празната маса толку силно што ако имаше на неа чаши тие ќе потскокнеа како костени на решето. Кој смееше да му приговори?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)