ркулец (м.)
Тој плод на стравот, тој сложен облик на обеспокоената потсвест, тоа чудовиште во нивна близина, било 'ркулец на лудило што капнува од облаци или оживува во исконско мочуриште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Следните месеци семето пушти ’ркулци и израсна во високи растенија, а кон крајот на летото широките зелени лисја сосем ја скрија земјата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)