рунтав (прид.)
Има тоа и дедо, стар преку седумдесет години, подгрбавен малку, со увиснати мустаки и големи рунтави веѓи.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Била останата тука целата таа, а крај неа било останато и нејзиното малечко, рунтаво мече.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Караман, Стрела, кути, кути, нааа! - викна момченцето, а за миг потоа се разнесе негде зад плевната весело квичење и две топчести, рунтави суштества, едното бело, другото сиво, се свалкаа кон него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Арслан и другите Турци направија една прошетка од едниот крај до другиот и ја измерија првата редица старци, кои заштитувајќи ги своите млади синови ќерки и внуци ги изложуваа своите голи рунтави градници и бели глави пред силникот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И ви кажав - со едно воле камен не се носи. - А двоколките? прашал Герасим од Побожјане со некакво рунтавесто грло. - Што двоколките?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Рунтави пасалки, пци пазалки, височини – можеа тука да се доцртаат и кенгури и ноеви доколку не би отскокнувале од сликата.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ликовите се тиха језа – фризури ко Марџ Симпсон, дугачка брада сплетена у пунџа, гајтан веѓи ала Брежњев, бркови врзани у лептир машна позади уши, Амиши со страшно рунтави бакембарди...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Една госпоѓа во крзно елегантно гази по плочникот, така голема и рунтава го потсетува на мајка му во најдобрите денови.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кинг Џејмс, како што имав намера да кажам порано, беше злокобен човек со руса коса, тежок сто килограми, со лице изгорено од сонцето и розово како октомвриска јаготка, со два хоризонтални пресеци под рунтавите црвени веѓи наместо очи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Последната мисла, ко рунтаво куче, ме напушти во мракот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)