рушвет м.

рушвет (м.)

Раководител на градот го пикнале! Ќе изгниеше во затвор поради аферата во Ракитница ако не прежалев сто лири за рушвет!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Јас му служа на селото кај Турците, ќе му служа и кај Организациата, ама едно да знајте: Кај Турците ве брана колку шо можа, со јадење, со пиење, со придавачки, рушвети, со маривети и лаги, само и само да не паднете во беља.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бродот бил пропуштен од царинските служби во пристаништето или од невнимание, што е тешко да се поверува, или заради земен рушвет.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сопотоштани, поврзани со некои Турци, со рушвет, се обидуваа да тргнат од нашата вода на нивна страна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Еднаш, уште пред години, крв беше паднала за таа иста вода“, рече тој колку што е можно поговорнички, „кога сопотскиот старешина, со помош на луѓе од Реснанскиот сарај, за рушвет, се обидел да ги сврти изворите кон нивниот синор. Тогаш, а камоли сега!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во некој град отвориле муабет во некое каве неколцина чорбаџии помеѓу себе за кадијата во тој град дали зема рушвет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Рушветот стана институција, а вистинските инвалиди не можеа на ред да дојдат од морално осакатените грабливци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во неговиот дефтер веќе беа запишани зборовите: арач, марифет, арам, инает, фукара, пишман, инает, рушвет, ујдурма, ќелепур софра, калауз, јаничар, башибозук, калауз, курбан, гурбет, душман...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски инсистираше на посебната условеност и поврзаност на атерот и севапот, макар семантички антиподно поставени, потоа и на постојаната актуелност на рушветот и калаузот кај Балканците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин бараше зборови кои можеа да се најдат во толковна низа според сличност и дополнување на претходните, но, сепак, најпосле запре на зборовите: инает, севап, атер, рушвет и калауз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)