саботен (прид.)
И му се стори дека е во нивната саботна колона, упатена кон сонливото гратче под планината, и самиот тој како тие - со ипотен грб и многу шум во главата, во таа човечка глутница со шестдневна печалба в џеб и шестдневно неспокојство во крвта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега кога помислувам на тие саботни кога возбудена одев кај чичко Раде со книги што сум ги прочитала во минатата недела, а се враќав со куп „нови“, непрочитани, ми се чини дека времето е низа реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување; ако не, метлата на заборавот ги чисти од нашата глава.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Чекаше. Секоја саботна вечер, таа го отвораше невестинскиот ковчег, ги вадеше, ги ветреење и редеше невестинските шејови: првин својата невестинска руба, сета со чипки и тантели, белата невестинска шапка венче со прозрачен долг вел, белите чевличиња со срмени копчиња.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги вртеше, ги превртуваше, ги редеше и прередуваше даровите Невена секоја саботна вечер и сѐ така четириесет години.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Уште како дете, дента на Шабат, Лука одеше во домот на Кореови да го пали огнот за подгревање на саботниот ручек, па тие го задржуваа и го помагаа на начини што ќе бидат полезни, а нема да ги навредат ни него, ниту пак неговите родители.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таквата прилика, во саботната пијачка ѝ беше сервирана како на тацна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)